Ако преферирате, Tor Browser може да биде направен преносен со негово отпакување од неговата архива директно на отстранлива медија како УСБ уред или СД картица. Препорачано е да користите запишувачка медија така што Tor Browser може да биде ажуриран по потреба.
За Windows:
Приклучете ја отстранливата медија и форматирајте ја. Секој тип на системска датотека ќе работи.
Одете на Tor Browser веб страната за преземање.
Преземете ја Windows
.exe
датотеката и зачувајте ја директно на вашата медија.(Препорачано) Верификувајте го потписот на датотеките.
Кога преземањето е завршено, кликнете на
.exe
датотеката и започнете го процесот на инсталација.Кога инсталацијата ќе ве праша каде да го инсталира Tor Browser, изберете ја вашата отстранувачка медија.
За macOS:
Вклучете ја вашата отстранувачка медија и форматирајте ја. Морате да користите Mac OS Extended (Journaled) формат.
Одете на Tor Browser веб страната за преземање.
Преземете ја macOS
.dmg
датотеката и зачувајте ја директно на вашата медија.(Препорачано) Верификувајте го потписот на датотеките.
Кога преземањето е завршено, кликнете на
.dmg
датотеката и започнете го процесот на инсталација.Кога инсталацијата ќе ве праша каде да го инсталира Tor Browser, изберете ја вашата отстранувачка медија.
За GNU/Linux:
Приклучете ја отстранливата медија и форматирајте ја. Секој тип на системска датотека ќе работи.
Одете на Tor Browser веб страната за преземање.
Преземете ја Linux
.tar.xz
датотеката и зачувајте ја директно на вашата медија.(Препорачано) Верификувајте го потписот на датотеките.
Кога преземањето е завршено, отпакувајте ја архивата на медијата исто така.